Винисиус го омаловажуваше Баерн во 2024, па сега го дочека истото… (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Баерн Минхен одиграа одличен прв четвртфинален меч во Лигата на шампионите, во кој Баерн славеше со 1-2 во Мадрид. Имаа од баварскиот тим предност и од 0-2 со головите на Луис Дијас и Хари Кејн, но Килијан Мбапе донесе надеж на „кралевите“ пред реваншот.

Повторно отсуствуваше Винисиус Жуниор, кој по натпреварот се најде во центарот на вниманието од други причини.

Имено, педантните фудбалски фанови се потсетија на неговите неспортски потези од двомечот со Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2024 година, кога Реал беше тој што се пласираше понатаму.

Бразилецот постигна два гола во Минхен во ремито 2-2, а во реваншот, Баерн водеше со 1-0 до 88. и 91. минута, кога двата гола на резервистот Хоселу донесоа пресврт за Реал.

Винисиус тогаш ги користеше сите средства за да одолговлекува со времето притоа и омаловажувајќи го својот ривал.

Две години подоцна, во првиот натпревар во Мадрид, Баерн имаше предност и не брзаше, а Михаел Олисе го употреби „истиот лек“ против Винисиус.

Тој одолговлекуваше, а во позадина Винисиус беснееше поради тоа.

Се вчитува...