Винисиус го откри неговиот став за иднината во Реал Мадрид

Бразилскиот напаѓач Винисиус Џуниор е топ тема во светот на фудбалот поради неговиот истекувачки договор со Реал Мадрид и застанатите преговори за продолжување на соработката.

Најголемиот проблем кој се јавува како пречка за потпис на нов договор се финансиите, односно желбата на голгетерот за плата од „невидени размери“, но се чини дека има „светло на крајот на тунелот“ судејќи по неговата последна изјава.

„Сакам да останам во Реал Мадрид уште многу години. Договорот ми трае уште една сезона па засега сме мирни. Претседателот и јас имаме меѓусебна доверба и добар однос. Сигурен сум дека се ќе се реши на време, без брзање“, изјави Винисиус.

Винисус е дел од Реал Мадрид од 2018 година. Досега настапи на 352 натпревари, забележа 113 голови и 94 асистенции.

Се вчитува...