Тензиите во Реал Мадрид околу односот на Чаби Алонсо со Винисиус конечно се смирени, информира мадридскиот весник „Ас“ повикувајќи се на извори од соблекувалната на „кралскиот клуб“.
Винисиус со месеци наназад беше во војна со новиот тренер на Реал, незадоволен од улогата во тимот откако Бразилецот целосно падна во сенка на Килијан Мбапе. Алонсо не криеше дека е незадоволен од формата на голгетерот, често вадејќи го од игра во вторите полувремиња, а некогаш и стартувајќи со Родриго, оставајќи го Винисиус меѓу резервите.
Бразилецот дури беше и дел од „бунтовниците“ кои бараа тренерска смена, но до тоа не дојде, во меѓувреме тој одигра два квалитетни меча со Атлетик Билбао и со Олимпијакос, по што тензијата конечно се спушти. Односот меѓу тренерот и голгетереот сега се опишува како „на високо ниво“, а останува да се види како ова ќе се одрази врз преговорите за нов договор на Винисиус што премногу се одолговлекоа.
Тој има договор до јуни 2027, па доколку до крајот на сезонава не ја продолжи соработката во текот на летото дефинитивно ќе биде продаден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

