Винисиус и ВАР најпрво го спасија Реал, па судијата поништи гол на Белингам свирејќи „крај“ среде акција… (ВИДЕО)

Реал Мадрид се спаси од пораз против Валенсија во 27. коло од Ла Лига благодарение на Винисиус Јуниор и на ВАР-системот кој поништи претходно досуден пенал за домаќините во 95. минута од средбата.

Валенсија извонредно го почна мечот доаѓајќи до брзо водство од 2-0 со головите на Дуро во 27. минута и Јаремчук во 30. минута, кои ги искористија грешките во одбраната на „кралевите“.

Но, Реал не би бил Реал ако не знае да се врати во игра. Овој пат на крилјата на Винисиус кој најпрво во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме намали на 2-1, а потоа во 76. минута израмни на 2-2.


И, во 92. минута досуден пенал за Валенсија кој можеше да значи победа за домашните. Сепак, по интервенција на ВАР собата, главниот судија Хил Манзано се одлучи да ја прегледа снимката и потоа ја поништи одлуката за пенал за домашните затоа што немаше прекршок над фудбалерот на Валенсија.

Но, за да биде исклучително драматичен натпревар до крај се погрижи главниот судија Манзано кој поништи гол на Белингам за победа на Реал Мадрид од 2-3 во последните секунди. Интересно, Манзано се одлучи среде центаршут на „кралевите“ да свири крај на натпреварот само една секунда пред Белингам да постигне гол. Но, на крај, неважечки. Што предизвика дополнителни тензии по средбата…

Се вчитува...