Победата на Реал над Валенсија (2-1) во последниот натпревар од 12. коло на Ла Лига беше одбележана со неспортскиот потег на Винисиус Жуниор.
Најдобриот играч на светот во 79. минута му пријде одзади на домашниот голман Димитриевски и го удри со раце во лицето, а судијата му го покажа пат до соблекувалната по прегледувањето на видеото.
Како тоа да не беше доволно, Винисиус продолжи да дивее и да се турка по напуштањето на теренот. По натпреварот, откако емоциите слегнаа, тој се огласи на социјалните мрежи и испрати извинување до својот тим.
„Ви се извинувам и ви благодарам екипо!“, напиша Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА