Винисиус ја откри разликата меѓу Чаби Алонсо и Анчелоти

Фудбалерите на Реал Мадрид рутински ја завршија работата во групната фаза на Светското клупско првенство, а Винисиус Јуниор е задоволен од работата на новиот тренер, Чаби Алонсо.

Во 3. коло од групата Г, Мадрид убедливо го совлада Салцбург (3-0) и го освои првото место со седум бодови пред Ал Хилал.

Анчелоти си замина, а според Винисиус новиот тренер внесе некои новитети.

„Клучно е да се изврши притисок врз дефанзивците, Чаби Алонсо ни кажува што да правиме од ден на ден и тука е разликата со Анчелоти. Ова беа две многу добри недели за нас. Тимот сега игра покомпактно“, изјави Винисиус Јуниор.

Се вчитува...