Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор имаше што да каже откако беше крунисан за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА.
Тоа признание му врати насмевка на лицето по фрустрацијата што ја доживеа по изборот за најдобар играч на светот во организацијата „Франс Фудбал“, каде што беше втор, зад Родри.
Овој пат Бразилецот ја победи конкуренцијата, а трофејот лично го прими во Катар, за разлика од некои лауреати кои отсуствуваа на церемонијата од професионални причини.
„Денес му пишувам на едно момче кое видело толку големи играчи како го добиваат овој трофеј. Неговото време дојде. Поточно, дојде моето време. Време е да кажам: да, јас сум најдобриот играч на светот и јас напорно се борев за тоа“, рече Винисиус и додаде:
„Се обидоа да ме девалвираат, да ме понижат. Но, не се подготвени за мене. Никој нема да ми каже за кого да се борам и како да се однесувам. Кога бев во Сао Гонзало, не се грижев за тоа дека за малку ќе ме проголтаа. Победив за себе, за моето семејство, со голема поддршка цело време: Фламенго, Реал Мадрид, бразилската репрезентација, стотици мои соиграчи во текот на сите овие години. кои беа со мене секој ден, тие што ме поддржуваат“, изјави Бразилецот.
На крајот остави порака:
„Најдобриот фудбалер на светот. Број седум“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА