Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, е блиску до продолжување на договорот со „кралевите“, објави ESPN. Како што забележува изворот, договорот ќе биде важечки до летото 2030 година. Платата на 24-годишникот ќе биде 20 милиони евра годишно по даноците, а земајќи ги предвид сите бонуси, износот би можел да се зголеми на 30 милиони.
На 10 април беше објавено дека Винисиус одбил понуда од Саудиска Арабија. Оттаму, му понудија петгодишен договор вреден 1 милијарда евра, но засега нема намера да се пресели во оваа земја.
Бразилецот игра за Реал Мадрид од 2018 година. Неговиот договор со мадридскиот тим е до јуни 2027 година, а сега истиот ќе биде продолжен на дополнителни три сезони.
Тој е еден од најдобрите играчи на „кралевите“ во последните години, но и често критикуван поради неговите испади во јавноста, караници со публиката и со противнички играчи, па се чинеше дека Реал Мадрид ќе сака да се „откачи“ од него, и да ја темели играта на Килијан Мбапе.
Како што во моментов стојат работите, најверојатно од Реал Мадрид ќе си замине Родриго, кој е пред трансфер во Манчестер Сити за 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

