Бразил игра импресивно на овој светски шампионат, „кариоките“ остануваат меѓу главните фаворити за трофејот, но неочекувано беа критикувани поради начинот на кој ги прославуваат погодоците. По неколку бразилски фудбалери остануваат на противничката половина и со танц ги слават постигнатите голови, нешто на што дел од аналитичарите гледаат како на непочитување на противниците.
Асот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, јасно им стави до знаење на критичарите дека нивните зборови не допираат до „кариоките“.
„Смешно е што слушнавме дека некои луѓе се жалат дека сме ги прославувале головите со танцување. Ние сме Бразилци, такви сме како народ, сакаме да сме среќни и тоа го покажуваме преку танцот. Оние кои критикуваат само ни љубоморат што сме такви, и треба да знаат дека ние ќе продолжиме да танцуваме по головите, без разлика што ќе кажат“, порача Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА