Винисиус: Мбапе? Како што беа Лео и Роналдо порано, кој не би сакал да игра со него?

Постојано се зборува за потенцијалниот трансфер на францускиот напаѓач Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а еден од клучните соиграчи на Мбапе во овој случај би бил младиот Бразилец Винисиус Жуниор. Младиот фудбалер е особено возбуден поради фактот што негов колега во офанзивата би можел да биде брзоногиот Французин.

Винисиус ја игра најдобрата сезона во кариерата. Тој во Ла Лига на 11 натпревари постигна седум гола и три асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна два гола на три натпревари и забележа две асистенции.

„Секој играч на светот би сакал да игра со Мбапе. Тој е одличен играч, како и Кристијано Роналди и Лионел Меси во тие години. Тој претставува нова генерација и уште многу години ќе биде на врвот на европскиот фудбал. Кога дојдов во Реал притисокот беше голем бидејќи платија многу пари за мене, а јас бев многу млад. Можеби тоа ме погоди. Тренерите во клубот знаеја дека со искуство ќе стекнам самодоверба. Секогаш бев мирен и не ми беше гајле што ќе кажат другите за мене, а денес е исто. Слушам и учам од другите и мислам дека не сум најдобриот фудбалер на светот. Постојано напредувам“, изјави бразилскиот фудбалер.

Килијан Мбапе е една година постар од Винисиус, а од доаѓањето во француската престолнина за ПСЖ одигра 185 натпревари на кои постигна 138 голови и 69 асистенции.

 

 

 

Се вчитува...