Винисиус му донесе пласман на Бразил на СП, Колумбија испушти победа над Аргентина (ВИДЕО)

Бразил го обезбеди своето место на Светското првенство следната година по тесната победа од 1-0 над Парагвај. Винисиус Жуниор го постигна единствениот гол во 44-тата минута, со што на „Селесао“ му ја донесе првата победа под водство на новиот селектор Карло Анчелоти.

Натпреварот во Сао Паоло не беше спектакуларен, но Бразилците го зазедоа своето место и скокнаа на третото место во јужноамериканските квалификации. Петкратните светски шампиони собраа 25 бода, исто колку и второпласираниот Еквадор, додека Парагвај остана со 24 и падна на петтото место.

Аргентина и Колумбија не успеаја да се победат меѓусебно во квалификацискиот натпревар за Светското првенство што се играше на „Монументал“ во Буенос Аирес. Натпреварот заврши 1:1. „Гаучосите“ одамна се квалификуваа за Светското првенство во 2026 година, па дури и го обезбедија првото место во групата, но на Колумбијците им беа потребни бодови за да ги зголемат шансите да завршат меѓу првите шест, и да обезбедат директен пласман на Мундијалот.

Прекрасен гол на Луис Дијаз по соло продор низ аргентинската одбрана им донесе водство на гостите во 24-тата минута. На средината од второто полувреме, Енцо Фернандез доби директен црвен картон, но тимот на Лионел Скалони избегна пораз со голот на Тијаго Алмада во 81. минута.

Уругвај дојде до значајна победа на патот кон СП победувајќи ја Венецуела со 2-0, и сега им е потребен само уште еден бод за пласман на Мундијалот идната година. Перу и Еквадор одиграа без голови, со таа напомена дека Еквадорците обезбедија пласман на СП, додека Перу го испушти и последниот воз на патот кон САД, Канада и Мексико идната година.

Се вчитува...