Завршена е полемиката во бразилската фудбалска јавност пред стартот на СП 2026. Нејмар ќе го носи дресот со број десет, кој го носеше во најголемиот дел од неговата репрезентативна кариера.
Бразил го објави списокот на играчи и бројот на дресови што ќе ги носат на Светското првенство, па сега е јасно дека број „десет“ повторно ќе го носи првата ѕвезда на тимот, моментално повредениот Нејмар.
Досега, Винисиус Жуниор ја носеше „десетката“ на грб.
Со враќањето на Нејмар во репрезентацијата, се постави важно прашање: дали ќе прифати нов број или ќе му биде вратен? Одговорот го даде претходно фудбалерот на Реал, Вини Жуниор кој сам откри дека ќе му ја врати „десетката“ на Нејмар.
На Светското првенство, Бразил е во групата Ц заедно со репрезентациите на Мароко, Шкотска и Хаити. Тимот на Карло Анчелоти ќе го игра својот прв натпревар на Светското првенство против Мароко на 13 јуни на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд.
Како што е познато, Нејмар ќе го пропушти премиерниот натпревар поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
