Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е еден од најголемите борци против расизмот во Шпанија, иако факт е дека и натаму е постојано жртва на вербални напади ширум стадионите на Пиринеите.
Винисиус редовно реагира на таквите состојби, сега во интервју за „Си-Ен-Ен“ одејќи и до крајнот со иницијатива на Шпанија да и се одземе организацијата на Светското првенство во 2030 година.
„Доколку ситуацијата со расизмот во Шпанија не се подобри до 2030 година, Светското првенство треба да и се одземе. Има многу простор за промени до 2030 година. Се надевам дека Шпанија ќе напредува и ќе сфати колку е сериозно да се навредува некого врз основа на бојата на неговата кожа“ – вели Винисиус.
Организацијата за Светското првенство во 2030 година ФИФА им ја додели на Шпанија, Португалија и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА