Винисиус не го одбил Ал Ахли, Саудијците се премислиле

Винисиус како голема желба на клубовите од Саудиска Арабија беше една од главните теми во светскиот фудбал пред крајот на месец август. Се говореше за трансфер вреден над една милијарда евра што не се реализирал затоа што Винисиус решил да остане во Реал Мадрид, но вистината се чини е нешто поразлични.

Првиот оперативец на Ал Ахли, Калед Ал-Иса, откри што всушност се случувало во тој период и дека овој клуб воопшто не испратил понуда до „кралевите“.

„Точно е, баравме врвно крило за нашиот тим, а Винисиус од Реал Мадрид беше наша главна желба Бевме подготвени да понудиме 500 милиони евра, но понудата никогаш не беше доставена бидејќи во тој период се случи нешто неочекувано – садуските фудбалери преку програм на стипендирање влегоа во професионалните води. Така, на крило го добивме саудискиот репрезентативец Фирас Ал-Бураикан (20 години), по што почнавме да бараме класичен голгетер. Знаете дека опции беа Осимен и Тони, а на крајот го ангажиравме англискиот напаѓач“, обелодени Ал-Иса.

Се вчитува...