„Винисиус не научил ништо, не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид“

Винисиус беше оставен на клупата за резерви за стартот од мечот против Овиедо, Бразилецот потоа влезе во игра и го постигна голот за конечните 0-3, но голгетерот на Реал Мадрид повторно го привлече вниманието не со фудбалските квалитети, туку со однесувањето додека се наоѓаше на теренот.

Тој во неколку ситуации ги провоцираше навивачите на Овиедо покажувајќи дека не се доволно гласни, потоа покажувајќи им два прста алудирајќи дека тимот експресно ќе се врати во втората лига…

Предраг Мијатовиќ и во минатото го критикуваше Винисиус за неговото однесување, а легендарниот голгетер на Реал како гостин во популарната елимисија „Ел Ларгеро“ уште еднаш го повтори ставот – она што Бразилецот го прави на теренот не ги претставува вредностите на гигант како Реал Мадрид.

„Некои работи не се менуваат не вреди… не знам ни дали вреди да продолжиме да зборуваме за ова… Според мене, Винисиус со своето однесување не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Тој треба да влезе во конфликт, да се скара со сите околу него и така се мотивира за да игра уште подобро. Говориме за извонреден фудбалер, но мора добро да се процени дали вреди тој да биде дел од најголемиот клуб во светот“, истакна Предраг Мијатовиќ.

Се вчитува...