Винисиус останал без Златната топка поради неговата борба против расизмот?

Златната топка или тоа што Винисиус Јуниор не е нејзин победник годинава, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, да потсетиме, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер Сити Премиер лигата.

Многумина мислат дека овој избор му нанесе неправда на бразилското крило кое со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено така мислат во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз. Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во прес-гласувањето за добитникот на наградата е неговата борба против расизмот. Ова го пишува Ројтерс повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач на клубот.

„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот. Ројтерс контактирал со луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.

Се вчитува...