Прославата на головите на Винисиус не и се допаѓа на дел од шпанската јавност. Офанзивецот на Реал Мадрид редовно прославува со танц кој е карактеристичен за јужноамериканските фудбалери, но многумина сметаат дека сето тоа е провокативно кон противниците, па дури и понижувачки.
На огромни критики наиде и по натпреварот против Мајорка.
„Го видовме Винисиус со потполно контроверзен став. Ги понижува противниците во тензични моменти од натпреварот, смеејќи им се во лице по прослава на голот, или со други гестови“ – пишува „Ел футболеро“, кој пренесува дека неговото однесување не му се допаѓа и на некои негови соиграчи од Реал.
Жестоки критики кон Винисиус испрати и претседателот на Здружението на шоански фудбалски агенти, Педро Коста.
„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, тогаш одете во Рио. На терен мораш да ги почитуваш своите колеги и да престанеш да се однесуваш како мајмун“ – рече Педро, на што веднаш реагираше водителот на култната спортска емисија.
„Но можете така да ги навредувате луѓето со таков збор, немојте повеќе“.
“Você (Vini Jr) tem que respeitar o rival. Se quer dançar, que vá ao sambódromo no Brasil. Aqui você tem que respeitar os companheiros e deixar de fazer o macaco.”
– Pedro Castro, Presidente da Associação de Agentes Espanhóis, no programa El Chiringuito. pic.twitter.com/m7k8MhiGEy
— FutebolNews (@realfutebolnews) September 16, 2022
А, токму тој став на Педро дека „Винисиус се однесува како мајмун“, предизвика бурни реакции ширум светот. Во заштита на Винисиус скокна од Нејмар до Пеле, а Реал Мадрид објави дека ќе го тужи агентот кој со таа изјава предизвика афера.
Винисиус, пак, сето тоа го искористи за пресметка со бројните расисти кои го напаѓаат. Па, сними видео кое во само десет часа од објавата на Инстаграм предизвика повеќе од три милиони реакции:
„Се додека бојата на кожата е поважна од светлото во очите, ќе има војна. Оваа фраза ја тетовирав на телото. Таа мисла ми е врежана во мозокот. И во животот оваа филозофија ја претворам во стварност. Велата дека туѓата среќа смета. Среќата на црните Бразилци кои се успешни во Европа уште повеќе ви пречи. Но, мојата желба за победа, мојата насмевка и жар во очи се многу посилни од се друго. Не се обидувајте да замислите колку. Сега бев жртва на ксенофобија и расизам во една реченица, но ништо од тоа не почна вчера. Подолго време некои ја критикуваат мојата прослава на головите. Но, тоа не е мој танц. Тој му припаѓа на Роналдињо, Нејмар, Лукаш, Гризман, Жоао Феликс…, на бразилските пеачки и танчерки на самба, на црните Американци…“ – порача Винисиус.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

