Винисиус: Плачев на теренот, во соблекувалната, во авионот, плачев и кога дојдов дома

Хрватска го шокираше Бразил во четвртфиналето од Светското првенство во Катар, елиминирајќи ја најтрофејната фудбалска нација и воедно претендентот за освојување на шестата титула на Мундијалот по изведување на пенали.

Разочарувањето на го криеше Винисиус кој емотивно им се извини на Бразилците, но вети дека ќе направи се за Бразил да го освои Светското првенство во 2026 година.

„Плачев на теренот, во соблекувалната, во авионот, плачев и кога дојдов дома и ќе плачам секогаш кога ќе помислам колку бевме блиску… Тоа беше најлошиот ден во мојот живот.

Овој текст го напишав и го избришав неколку пати. Зборовите не можат да го опишат моето разочарување, но солзите остануваат. Насмевката замина. Ќе ми биде потребно време да повторно да ја најдам среќата. Но, го сакам фудбалот и знам дека ќе ми даде нова шанса да го вратам Бразил таму каде што треба да биде. На врвот на светот!

Божјите планови се многу поголеми од нашите. Ќе се вратиме посилни. Не успеавме во важен момент и сте вас ве разочаравме. Извини Бразил, и фала ти на љубовта и поддршката. Бевте неверојатни. Бразил ќе го освои светот во 2026 година. Верувајте во тоа!“, напиша бразилскиот ас.

Се вчитува...