Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа супердраматичен меч од полуфиналето на Супер-купот на Шпанија, „кралевите“ се радуваа на победата, но мечот ќе остане запаметен по провокациите на Диего Симеоне упатени кон Винисиус.
Аргентинскиот тренер се обиде да го испровоцира темпераментниот Бразилец, а кога Винисиус излегуваше од игра следеше ново дофрлање од Симеоне, по што бурно реагираа и тренерот Чаби Алонсо и фудбалерите на Реал.
Диего по мечот се вадеше дека „не се сеќава што му довикувал на Винисиус“, но Бразилецот не ја пропушти можноста да му фати сеир на противничкиот тренер.
„Загуби уште еден елиминациски меч“, му порача Вини на стратегот на Атлетико, потсетувајќи го дека редовно губи од Реал во нокаут-натпреварите меѓу големите градски ривали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

