Играчот на Реал Мадрид, најверојатно пропуштил и добар бонус од својот клуб, откако не ја освои Златната топка.
Наградата на крајот отиде во рацете на шпанскиот фудбалер Родри, после одличната сезона во која ги освои Европското првенство и титулата во Премиерлигата.
Винисисус откако дозна дека нема да дојде до наградата, заедно со експедицијата на Реал Мадрид го откажа патувањето во Париз на доделувањето на наградите.
Дел од фрустрацијата на Бразилецот била и поради бонусот кој требало да добие, а тоа е 1 милион евра како бонус. Сличен договор со Реал Мадрид имаше и Бензема, кој на крајот дојде до бонусот.
Се шпекулира дека Бразилецот веќе и ја прославил наградата во неделата кон понеделникот, и им ветил на сите соиграчи часовници „Ролекс“, но на крајот следувал шок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА