Арсенал се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите со 3-0 и 1-2 победи против Реал Мадрид. Стрелец на единствениот гол за Реал беше Винисиус Жуниор, по големата грешка на стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба во вториот дел од реваншот. Бразилецот се огласи на социјалните мрежи ден по елиминацијата од Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид ќе се врати, како и секогаш. Ви благодариме на сите за поддршката. Мораме заедно да се подготвиме за крајот на сезоната. Има уште трофеи за освојување. Мора да покажеме единство и да бидеме за овој тим до крај. Хала Мадрид и честитки за Арсенал”, напиша Винисиус.
Винисиус со Реал освои две ЛШ и три шампионски титули на Шпанија. Оваа сезона одигра 45 натпревари, постигнувајќи 20 гола и 14 асистенција. Реал до крајот на сезоната се уште може да го освои Купот на Кралот и шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА