Винисиус се присети: Мајко мила… колку беше лут Модриќ кога ќе загубевме

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор во разговор за стримерот Ибаи Ланос се присети на еден од своите најдобри соиграчи Лука Модриќ.

Тој изјави дека му фали Модриќ како соиграч и дека смета дека е еден од најдобрите фудбалери на светот.

„Немав среќа да играм со Роналдо, но не можам да се жалам бидејќи играв со Карим Бензема и Лука Модриќ. Тоа што нему му успева е навистина удо. Посебен е бидејќи има скоро 41 година и игра на високо ниво. Тоа го може само тој. Во фудбалот не постои никој како него. Тој е најдобар на светот. Модриќ го заслужува се тоа што го оствари бидејќи нас не научи на многу нешта. Многу ми недостасува бидејќи со него секој ден учев нешто ново“, вели Винисиус.

Бразилецот откри и каков лидер бил хрватскиот ас со соблекувалната.

„Го нарекувавме „винагре“ (израз кој се користи за темпераментни личности во Шпанија). Не сакаше да губи ниту на тренинг. Секогаш кога ќе загубеше беше бесен, но кога ќе победи… мајко мила“, додаде голгетерот.

Се вчитува...