„Винисиус се труди да им докаже на навивачите дека е подобар од Мбапе“

Реал Мадрид игра непретпознатлива сезона со која бележи убедливи порази во кои противникот е супериорен. Последниот од нив пристигна на „Емирати“ каде Арсенал го „торпедираше“ шпанскиот гигант со 3-0.

По новиот пораз следеа лавина на критики во јавноста. Една дојде и од страна на поранешниот фудбалер, а подоцна и спортски директор Предраг Мијатовиќ.

„Оваа екипа порано можеше да направи чудо, но сега не сум оптимистичен. Не ја гледам таа претпознатлива реакција која ја имаа порано, кога знаеја да се извлечат од тешки ситуации. Тоа повеќе не постои. Тимот е во пад, физички и психички“, вели Мијатовиќ кој го критикуваше и пристапот на Карло Анчелоти.

„Пробува да го задоволи секој поединец, а тоа не може да функционира во големите клубови. Во Реал отсекогаш се знаеше кој е стартери и кои се „супер резерви“ како Начо и Гути. Сега е бунило во клубот бидејќи од играчите бара премногу, а некои од нив не се подготвени“

Мијатовиќ го изнесе и своето мислење за Винисиус, бразилскиот ас кој беше еден од најдобрите поединци на составот минатата сезона, но по доаѓањето на Мбапе фокусот му е друг.

„Откако пристигна Мбапе, Винисиус ја загуби самодовербата. Не знае што да прави и кој му е следниот чекор. Изгледа се труди да им докаже на навивачите дека е подобар од Мбапе. Тоа не му помага на тимот. Поради него, сите останати не играат на свеото ниво“

Се вчитува...