Винисиус се враќа за клучниот натпревар на Реал Мадрид

Карло Анчелоти на денешната прес-конференција објави одлична вест за фановите на Реал Мадрид – Винисиус забрзано се рехабилитира од повредата и дефинитивно ќе може да се врати на терените во блиска иднина.

Тој се повреди на дуелот со Леганес, по што беше објавено дека Бразилецот ќе биде „во аут“ до крајот на годинава. Сепак, рехабилитацијата тече одлично и Анчелоти не крие дека очекува тој да биде во тимот за следниот меч од Лигата на Шампионите против Аталанта, кој ќе биде од огромно значење за Реал ако се знае дека „кралевите“ веќе загубија три натпревари сезонава во елитното европско натпреварување.

„Винисиус почна со тренинзи, што е одлична вест за нас. Нема да игра викендов, тоа е сигурно, но се надеваме дека ќе го имаме во тимот за дуелот со Аталанта“, објави Анчелоти.

Стратегот на Реал обелодени дека со тренинзи по тешката повреда на коленото почнал и Давид Алаба, но камбекот на австрискиот дефанзивец може да се очекува на почетокот од 2025 година.

Се вчитува...