Винисиус со понуда за договор од една милијарда евра!?

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид останува неизвесна, и покрај фактот дека неговиот договор не истекува до 2027 година. Иако во последните денови се зборуваше за напредок во преговорите во врска со продолжувањето на соработката, еден од неговите долгогодишни „додворувачи“ не се откажува и му нуди договор вреден дури една милијарда евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Откако беше прогласен за најдобар играч на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Монако, а УЕФА го прогласи и за најдобар играч на 7. коло од Лигата на шампионите со гол и две асистенции, Бразилецот го коментираше својот статус во клубот.

„Не се чувствував удобно затоа што секогаш кога ќе погрешев, ме исвиркуваа. Имаат право на тоа затоа што плаќаат многу скап билет за да уживаат во фудбалот. Знам колку далеку можам да одам. Тука сум да се развивам и да правам сè за овој тим и за овој клуб. Му верувам на претседателот, сакам да останам тука долго време. Кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе решиме сè“, рече Винисиус Жуниор.

Се вчитува...