Легендата на Реал Мадрид, Марсело, беше специјален гостин во подкастот „Under The Goalposts“, кој го води легендарниот голман Икер Касиљас. За време на разговорот меѓу двајцата одлични фудбалери на „кралскиот клуб“, Марсело беше прашан за Винисиус Жуниор и неговата ситуација во тимот.
Бразилецот му даде вредни совети на својот сонародник, кој повторно стана актуелен поради наводните лоши односи со тренерот Чаби Алонсо. Марсело сè уште беше дел од тимот на Реал Мадрид кога Винисиус Жуниор се приклучи на клубот на 18-годишна возраст.
„Кога пристигна, беше 18-годишно дете, исто како мене. Имаше свои проблеми и многу работи за подобрување. Во моментов, неговата интелигенција и брзина на додавања се неоспорни. Што се случува надвор од теренот? Јас не сум личноста што треба да дава совети“, рече Марсело.
„Кога си во Реал Мадрид, си во центарот на вниманието, сите сме биле таму. Ситуацијата со Винисиус е малку поинтензивна. Разговорот со луѓе, тренери… Тоа е проблем за себе самиот. Мислам дека треба да молчи, да тренира, да игра, да постигнува голови и да ги остави тие да зборуваат. Да остане смирен, што го прави токму сега“, смета поранешниот дефанзивец.
По првичниот испад, особено по натпреварот на „Ел Класико“ против Барселона, Винисиус засега молчи. Но, тензиите наскоро би можеле да ескалираат ако Алонсо планира да го остави на клупата за уште еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

