Винисисус Жуниор се огласи по повод неговиот спорен гол против Алмерија. Бразилецот погоди со рамо, иако според многумина требало да биде поништен поради игра со рака.
Крилниот напаѓач даде гол за 2-2 во 67. минута, по што по ВАР проверката беше признат. На оваа одлука реагираа од Алмерија, кои сметаа дека играчот на Реал играч со рака. Се огласи и самиот фудбалер.
„Голацо! Вакви голови со рамо давав на плажите на Копакабана“, напиша Винисиус на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

