Винициус ги врати „кралевите“ на врвот во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на победите во домашното првенство откако вечерва славеа на домашен терен против Вилјареал со 3-1 во последниот натпревар од денешната понуда од 8. коло во шпанската Ла лига.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите „кралевите“ до водство од 1-0 стигнаа со голот на Винициус Жуниор во 47. минута на асистенција на Килијан Мбапе. Истиот фудбалер зголеми на 2-0 од пенал во 69. минута. Само четири минути подоцна гостите намалија на 2-1 преку Микаутадѕе.

Вилјареал остана и со фудбалер помалку откако Мурино доби втор жолт картон во 73. минута, додека конечните 3-1 ги постави Килијан Мбапе во 81. минута. Веднаш по голот Мбапе се пожали на повреда, па веднаш беше заменет, а на негово место влезе Родриго.

Real Madrid [2] – 0 Villarreal – Vinicius Junior (penalty) 69‎'‎
byu/austinoabu insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...