Винициус одбил да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Винициус Јуниор ја одбил првата понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понудил покачување на сегашната плата од 15 милиони евра годишно.

Оваа информација ја објави Марио Кортегана, новинар на Атлетик добро упатен во ситуацијата во Мадрид. Преговорите почнаа пред две недели, а понудата што ја добија менаџерите на Вини сега е вратена на ревизија.

Пред две години, бразилското крило потпиша договор со Реал до 2027 година, со трансфер клаузула од една милијарда евра. Минатото лето Атлетик напиша дека на агентите на Вини им пристапиле претставници на саудиските клубови, а истото го направиле и минатата есен. Самиот Винисиус во октомври изјави дека сака засекогаш да остане во Реал, но сега Фабрис Хокинс објавува дека Бразилецот има понуда од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра за пет години.

Винициус во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Фламенго за отштета од 45 милиони евра. На 293 натпревари за кралскиот клуб, тој постигна 101 гол и 83 асистенции. Тој освои три титули во Ла Лига, две Лига на шампиони и две Светски клупски првенства.

Се вчитува...