Многу прашина крена вчерашниот дуел помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој беше прекинат во 50. минута веднаш по голот на Винициус. Бразилското крило поситгна прекрасен гол, а потоа се пожали кон судијата за расистички навреди од страна на играчот на Бенфика, Престиани.
На социјалните мрежи Бразилецот ја сподели својата реакција околу целиот случај, нарекувајќи ги расистите „кукавици“.
„Расистите се пред сè кукавици. Мораат да си го стават дресот во уста за да покажат колку се слаби. Но, тие имаат заштита од други кои теоретски имаат должност да казнуваат. Ништо од она што се случи денес не е ново во мојот живот и во животот на моето семејство. Добив жолт картон затоа што прославив гол. Сè уште не разбирам зошто. Од друга страна, само лошо изведениот протокол не послужи за никаква цел. Не сакам да се појавувам во вакви ситуации, особено по голема победа кога насловните страници треба да бидат за Реал Мадрид“, напиша Винициус на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

