Винициус распука по организаторите на „Златната топка“: Ќе го направам тоа и десет пати, не се подготвени!

Фудбалерот на Манчестер сити и Шпанија, Родри ја освои „Златната топка“, но манифестацијата помина во втор план откако поради тоа што Винициус не ја доби наградата целиот тим на Реал Мадрид ја бојкотираше гала-вечерта.

Тој заврши втор, зад Родри и пред неговиот клупски колега Џуд Белингем. По наградата тој на социјалните мрежи распали по организаторот на оваа награда:

„Ќе го направам тоа десет пати ако треба, не се подготвени“, напиша Винициус Жуниор. 

Се вчитува...