Винициус: Сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор изјави дека би сакал да ја заврши играчката кариера во мадридскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал ја победи Осасуна со 4-0 во деветтото коло од шпанската Ла Лига, а Винициус на овој натпревар постигна еден гол.

„Секогаш е чест да играм овде пред овие прекрасни навивачи и да ја примам сета љубов што ми ја даваат. Среќен сум што играм за Реал, сакам да го правам ова до крајот на мојот живот“, изјави Винициус

Се вчитува...