Винициус Жуниор се враќа во таборот на Реал Мадрид за натпреварот против Хетафе во домашното првенство, информираат од „кралскиот клуб“. Тој беше една од ретките светли точки сезонава, а под водство на Солари беше најдобар поединец кај „кралевите“.
Винициус заработи повреда на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против холандскиот Ајакс, па се уште нема одиграно ниту еден натпревар под водство на Зинедин Зидан.
Последните пет кола во Ла Лига, на Зинедин Зидан треба да му помогнат да направи проценка на кого може да смета во следната сезон. Шпанските медиуми најавуваат дека се подготвува голема чистка на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА