Винициус: Секако дека го видов транспарентот…

Спектакуларен натпревар со многу шанси, многу одбрани на голот, борба и трчање одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. Како што и се очекуваше, беше неизвесно до самиот крај, а „кралевите“ на крајот дојдоа до голема победа од 2-3, откако губеа на двапати.

Пред почетокот на мечот имаше многу провокации кон Винициус Жуниор, кој по натпреварот даде одговор за случувањата на „Етихад“.

„Секако дека го видов транспарентот. Тоа уште повеќе ме мотивираше. Секогаш кога противничките навивачи прават нешто слично, тоа ми дава дополнителна сила и мотивација да одиграм сјаен меч“, рече Винициус.

Се вчитува...