Винициус Жуниор продолжува да го става во големи проблеми Реал Мадрид сезонава. Бразилецот повторно се посрамоти, овојпат на натпреварот против Валенсија во домашниот шампионат.
Килијан Мбапе изнуди пенал во 13. минута, а Винициус беше тој што требаше да го изведе. Бразилецот повторно лошо шутираше, а неговиот удар без поголеми проблеми го спречи Мамардашвили.
Да бидат проблемите уште поголеми само две минути подоцна Валенсија поведе со 0-1 преку Диакаби.
Giorgi Mamardashvili penalty save against Real Madrid 13'
byu/slimcase121 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА