Како што пренесува германски „Билд“, Винициус Жуниор добил огромна понуда од ПСЖ, кој во него гледа замена за Килијан Мбапе.
Трансферот е проценет на 250 милиони евра, со што би бил срушен рекордот од 222 милиони што ПСЖ и го плати на Барселона за Нејмар во 2017 година.
Реал Мадрид во моментов не покажува никаков интерес за продажба, со оглед на тоа што Винициус има договор до 2027 година и повеќе пати изјави дека се чувствува удобно во Мадрид, но се е можно во оваа приказна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА