Ѕвездата на Реал Мадрид, Виниcиус Жуниор го истегнал левиот зглоб на ногата, соопштија од таборот на „кралевите“.
Виниcиус се повреди во неделата на големото дерби против Барселона (4-3) и беше заменет на крајот од натпреварот на „Монжуик“. Реал не соопшти колку долго ќе отсуствува бразилскиот фудбалер, но дека ќе се следи неговото закрепнување.
Реал исто така објави дека Лукас Васкез го повредил левиот бутен мускул во неделата и и исто така не прецизираше колку време ќе отсуствува.
Шпанските медиуми објавија дека двајцата играчи најверојатно нема да се вратат на терените до крајот на сезоната, односно пред почетокот на Светското клупско првенство на 14. јуни во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

