Виновни се судиите: Лапорта во соблекувалната на арбитрите на „Бернабеу“

Тренерот Чави Хернандез спортски го призна поразот на големото дерби со Реал Мадрид, но тоа не беше случај и со претседателот Жоан Лапорта.

Првиот човек на Барселона бесно реагирал на трибините по неколкуте судиски одлуки, а веднаш по мечот се упатил кон судиската соблекувална.

„По завршувањето на натпреварот, Жоан Лапорта неколку пати се обиде да влезе во судиската соблекувална, барајќи објаснување од арбитрите за одредени ситуации за време на натпреварот. Не му беше дозволен влез во соблекувалната, по што тој без да направи дополнителен инцидент си замина“, се вели во судискиот извештај.

Се вчитува...