Виновникот за поразот на Реал барал прошка од соиграчите

Арсенал  го совлада Реал Мадрид со 3-0 во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Домашните поведоа во 58. минута со голот на Деклан Рајс од слободен удар. Играчот од средниот ред на Арсенал постигна гол од приближно 25 метри, искористувајќи ја грешката на голманот на Реал, Тибо Куртоа. Куртоа постави лош ѕид, па Рајс шутираше покрај него и постигна неодбранлив гол за водство на домашните.

Само 12 минути подоцна, Арсенал зголеми на 2:0 со уште еден гол на Рајс. Англискиот играч за врска погоди уште еднаш од слободен удар. Од слична дистанца шутираше во корнер на Куртоа и постигна феноменален гол на радост на домашните навивачи. Последниот гол го постигна Микел Мерино во 75. минута. Реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите се игра следната среда на Бернабеу.

Дефенса централ, веб-страница специјализирана за вести од Реал Мадрид, пишува дека Давид Алаба ја презел вината за првиот гол на противникот:

„Давид Алаба веднаш по натпреварот им пријде на голманот Куртоа и капитенот Лука Модриќ и ги молеше за прошка со зборовите „Јас сум виновен“. Ферланд Менди, кој досега играше како лев бек, Анчелоти реши да го замени во Арсенал со Алаба, иако Фран Гарсија неодамна ја покрива таа позиција“, пишува изданието.

Се вчитува...