Винс Картер не размислува за пензија и во неговата 20 сезона во НБА лигата. Следната сезона ќе ги брани боите на Сакраменти Кингс, откако се согласи на едногодишен договор, вреден осум милиони долари. По три години со Мемфис, се чинеше дека Картер ќе стави крај на кариерата, но Кингс ќе биде неговиот седми тим.
Иако не е експлозивен и доминантен како некогаш, ветеранот се уште има што да допринесе. Минатата сезона во Мемфис одржуваше просек од осум поени по натпревар, неговото искуство беше голем плус за тимот.
„Винсенити“ на драфотот во 1998 година беше одбран од Голден Стејт како петти пик во првиот круг, но веднаш беше трејдуван во Репторс, каде го изгради својот имиџ. Покрај Торонто, Картер играше и за Њу Џерси нетс(Бруклин нетс), Орландо меџик, Феникс санс и Далас маверикс.
40-годишното крило зад своето име има бројни награди, но не и највредното, шампионски прстен. Осум пати се појавил на Ол-стар викендите, покрај главниот настан, во 2000 година го освои и трофејот во актрактивни забивања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА