Францускиот голман Винсен Жерар сезонава во Кил дојде како привремена замена за Никлас Ландин, до доаѓањето на Гонзало де Варгас најавено за следната сезона. Но, Жерар се повреди, а периодот на рехабилитација се пролонгираше и Кил мораше да најде замена која ја најде во Самир Белансе.
Договорот на Жерар остана важечки сѐ до денеска, кога конечно беше утврдено дека Жерар нема да се врати на терен и беше раскинат.
Францускиот голман, најави дека ја завршува кариерата во јуни, а раскинот на овој договор мошне веројатно значи дека веќе не вооопшто да го видиме на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА