Вирц дефинитивно во Ливерпул – рекорден трансфер на „црвените“ во историјата

Флоријан Вирц наредниве денови и дефинитивно ќе биде фудбалер на Ливерпул, откако, како што пренесуваат дел од англиските медиуми, и дефинитивно падна договор меѓу тимот од „Енфилд“ и Баер Леверкузен.

Според последните информации, Ливерпул ќе плати загарантирани 120 милиони плус клаузули, а баварскиот гигант нема да влезе во наддавање поради желбата, меѓу другото, и да го спречи трансферот на Вирц во Баерн Минхен.

Откако вчера најпрво Вирц ја прифати понудата од Ливерпул, доцна синоќа и двата клуба се договориле за овој трансфер. Со купувањето на Вирц, рекордот на Ливерпул ќе падне, и ќе ја надмине сумата издвоена за трансферот на Дарвин Нуњез, која чинеше 85 милиони фунти.

А, со исплатата на загарантираните 120 милиони евра Вирц станува и најплатениот германски фудбалер на сите времиња, но сепак е под рекордниот трансфер од 222 милиони евра, кога Нејмар беше продаден од Барселона на ПСЖ во 2017 година.

Под водство на поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Чаби Алонсо, Вирц се појави како еден од најперспективните играчи во светскиот фудбал. Тој одигра клучна улога во историската сезона без пораз на Леверкузен и двојната круна минатата сезона, а продолжи со двоцифрен број на голови и асистенции оваа сезона.

Се вчитува...