Вирц е спасителот на Германија, продолженија на првото четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Германија и Шпанија играат 1-1 по 90 минути во првото четвртфинале на Европското првенство во фудбал.

Првото полувреме не ни донесе многу фудбалски возбудувања, но многу цврста и машка игра. По 45 минути двата тима направија вкупно 15 фаули, а веќе пожолтеа и тројца фудбалери на двете страни.

Уште на самиот старт селекторот на шпанската репрезентација Де ла Фуенте се соочи со големи проблеми. По само осум минути игра теренот мораше да го напушти Педри поради повреда. По еден дуел со Крос, младата ѕвезда на Барселона едноставно не беше повеќе во можност да го продолжи натпреварот.

Првата шанса во второто полувреме ја имаше Алваро Мората во 47 минута но од непосредна близина биеше непрецизно. Сепак, „црвената-фурија“ во 51. минута успеа да стигне до водство 1-0 преку Дани Олмо.

Тренерот Де ла Фуенте направи голема грешка кога реши да се повлече и да се брани до крајот, а сето тоа го искористи Флоријан Вирц кој во 89. минута израмни на 1-1.

Се вчитува...