Вирц и Баер Леверкузен, разликата е 50 милиони евра

Флоријан Вирц игра уште извонредна сезона во дресот на Баер Леверкузен, со што германскиот репрезентативец е најзаслужен што „фармацевтите“ се уште се во трка за титулата како најсериозен ривал на големиот Баерн Минхен.

Проблем за Баер е што договорот на Вирц истекува во јуни 2026 година, па актуелниот германски првак мора што поскоро да потпише нов договор со својот најдобар фудбалер, или да го продаде на крајот од оваа сезона. Информациите кои доаѓаат од Германија велат дека кај двете страни постои расположение за продолжение на соработката, начелно е договорено и платата да изнесува 12 милиони евра по сезона, но Вирц инсистира во новиот договор да има вклучено клаузула за откуп што би му отворило врата за мегатрансфер во иднина.

Германскиот офанзивец бара таа клаузула да изнесува 100 милиони евра, но од друга страна „фармацевтите“ инсистираат на повисока отштета за својот главен играч. Ставот на Баер е дека клаузулата треба да изнесува 150 милиони, па останува да се види дали двете страни ќе најдат заеднички јазик во наредните месеци или Вирц ќе си замине од „Бај Арена“ во текот на летниот преоден рок.

Баерн Минхен будно ја следи ситуацијата и е подготвен да плати 100 милиони еврза големиот ас, кој би заиграл во тандем со репрезентативниот колега Џамал Мусиала како поддршка за Хари Кејн.

Се вчитува...