Флоријан Вирц ова лето ќе биде еден од најбараните играчи на пазарот, а за него се заинтересирани голем број клубови.
Сепак, германскиот интернационалец веќе направил список на желби каде би сакал да ја продолжи кариерата. Дефинитивно нема да биде во Леверкузен. Во трката за неговиот потпис влегоа речиси сите најголеми клубови во Европа, но Вирц одлучи каде најмногу би сакал да ја продолжи кариерата.
Прв на листата е Реал Мадрид, иако најверојатно најмногу пари би му понудил Манчестер Сити, кој е втор на листата на желби.
Третиот е Баерн. Се чини дека клубот од Минхен нема да ја продолжи традицијата да ги зема најдобрите играчи во Бундеслигата, па Вирц ќе остане неостварен сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА