Во Баер Леверкузен се уверени дека ќе го убедат својот голем талент Флоријан Вирц да го продолжи договорот со клубот, тврди Билд. За него има интерес од голем број водечки европски клубови, а Баерн не ја крие желбата да го привлече веќе на лето.
Сепак, „фармацевтите“ веруваат дека ќе потпишат нов договор со 21-годишниот играч. Нивниот предлог е двојно зголемување на платата и договор до 2028 година, со клаузула за раскинување што ќе стапи на сила по Светското првенство во 2026 година.
Разговорите меѓу клубот и Вирц се во напредна фаза, а играчот ќе има време да размислува за својата иднина, бидејќи е повреден и нема да игра неколку недели.
Покрај Баерн Минхен, за него интерес пројавуваат и од Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА