Вирц конечно избра кој број на дрес ќе го носи во Ливерпул

Ливерпул денеска и официјално ги објави броевите на дресовите што фудбалерите ќе ги носат во наредната сезона, на првиот ден од договорот со компанијата „Адидас“ (досега „црвените“ носеа „Најк“) во кој новите дресови на англискиот првак ќе можат да бидат купени од фановите ширум светот.

Флоријан Вирц ќе биде новата „седумка“ на Ливерпул, скапото германско засилување долго размислуваше и на крајот го избра бројот седум, што до пред некој ден беше сопственост на Луис Дијаз пред тој да се пресели во Баерн Минхен.

Милош Керкез ќе го носи дресот со број 6, додека Џереми Фримпонг ја избра 30-ката за свој број во новиот клуб.

Голманог Гиорги Мамардашвили на грбот ќе носи 25, а десниот бек Конор Бредли го смени дресот со број 84 што го носеше до лани, за во новата сезоан да го носи дресот со број 12.

Се вчитува...