Вирц: Не верувајте во се што ќе прочитате

Фудбалерот на Баер Леверкузен и германски репрезентативец Флоријан Вирц ги негираше наводите дека имал посебни барања од Ливерпул за време на преговорите.

Имаше информации дека 22-годишниот играч од средниот ред наводно инсистирал да го добие дресот со број „10“ во својот нов клуб, истиот што го носи во германскиот клуб.

Во Ливерпул таа бројка е на грбот на еден од најдобрите играчи во тимот, Аргентинецот со шкотско-ирско потекло, Алексис Мекалистер.

„Кој рече дека ја сакам „десетката“? Ги почитувам фудбалерите. Не верувате во се што е напишано“, објави Флоријан Вирц.

Се вчитува...