Виртус Болоња без најдобриот кошаркар во следниот месец

Виртус Болоња се соочува со тежок проблем бидејќи во следниот период нема да може да смета на својот најдобар кошаркар, репрезентативецот на Грузиј, Току Шенгелија.

Грузиецот има проблем со чир на желудникот кој се појави пред дуелот со Олимпијакос и според првичните информации ќе биде надвор од теренот во следните 20 до 30 денови. Крилниот центар оваа сезона бележи просек од 15.5 поени, 5.5 скокови и 2.3 асистенции во Евролигата.

Виртус Болоња моментно е на делба на претпоследното и последното место на евролигашката табела со скор 3-13, колку што има и Алба Берлин. Италијанскиот тим утревечер во рамките од 17. рунда ќе ја пречека Барселона.

Се вчитува...