Италијанската Виртус Болоња следната сезона по долга пауза ќе се врати во кошаркарската Евролига. По се изгледа тие веднаш ќе се обидат да го нападнат и Ф4 турнирот во елитното натпреварување.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, клубот од Болоња е подготвен за НБА ѕвездата Серж Ибака. Ибака минатата сезона ја помина во Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, но сега е слободен играч.
Во дресот на Милвоки просечно бележеше по 5,7 поени со 4,4 скока. Пред Бакс и Клиперс, Ибака настапуваше и за „франшизите“ на Торонто, Орландо и Оклахома Сити, а со тимот од Канада успеа да стигне и до титулата во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА